Сè започна со една луда идеја на едно младо момче што сакаше да создаде нешто свое. Место каде што ќе се дружи, ќе запознава нови луѓе и ќе прави вкусни смутиња и здрави оброци што навистина значат нешто. Така се роди „Шо има?“ – место кое ќе ти стане секојдневие и поздрав начин на живот.
Нашето мени е создадено со љубов, страст и внимание – од првото смути до секоја салата, врап, паста или чиа што ќе ја пробате. Веруваме дека добрата храна е повеќе од оброк – таа е енергија, расположение и начин на живот.
Сите наши напитоци и оброци се достапни и за носење, за да можете да уживате во нив каде и да сте – на работа, после тренинг, во парк или во движење низ градот. Без разлика дали ви треба брз појадок, лесен ручек или здраво слатко задоволство – кај нас изборот е лесен.
Пробајте ги и нашите сезонски новитети, а ако имате посебна желба – слободно кажете ни. Во „Шо има?“ сакаме да направиме нешто баш по ваш вкус.
До следната средба, бидете здрави, насмеани и подготвени за уште едно вкусно доживување!
Ве очекуваме – местото каде што здравиот избор е највкусниот избор.